Турција изрази сочувство за загинатите во бомбашкиот напад во Кабул

Це надеваме дека што е можно поскоро ќе се воспостави стабилност и безбедност во земјата

1714185
Турција изрази сочувство за загинатите во бомбашкиот напад во Кабул

Турција изрази сочувство по повод бомбашкиот напад што се случи на влезот на џамија во главниот град на Авганистан, Кабул.

Во писмено соопштение од Министерството за надворешни работи, беше наведено со голема тага беше примена веста за жртвите и повредените во бомбашкиот напад што се случи за време на погребниот намаз на влезот на Еидга џамијата во Кабул.

Во соопштението беше истакнато следното: „Им изразуваме длабоко сочувство на оние што ги загубија животите во овој грозоморен и нехуман напад, им посакуваме брзо закрепнување на повредените и се надеваме дека што е можно поскоро ќе се воспостави стабилност и безбедност во земјата“.



Слични вести