МНР на Турција го честита 3 октомври - Денот за соработка на туркофонските земји

Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение со честитка по повод одбележувањето на 3 октомври - Денот за соработка на туркофонските земји

1713883
МНР на Турција го честита 3 октомври - Денот за соработка на туркофонските земји

Министерството за надворешни работи на Турција го честита 3 октомври - Денот за соработка на туркофонските земји.

Во објавеното соопштение од Министерството се потсетува дека годишнината од Договорот од Нахчиван потпишан на 3 октомври 2009 година меѓу Турција, Азербејџан, Казахстан и Киргистан со цел формирање на Советот за соработка на туркофонските земји (Турскиот совет), во земјите членки се слави како Ден на соработка со туркофонските земји.

Во соопштението им се честита по повод овој значаен ден на сите народи и заедници кои зборуваат на турски јазик и се вели следното: „Посакуваме овој ден да стане повод за зајакнување на духот на единство, заедништво и солидарност, гледајќи со верба и кон заедничката иднина на нашите народи кои располагаат со заедничко минато. Оваа година кога се одбележува 30. годишнината од повторното воспоставување на своите независности на турските Републики, ја славиме со поразлична радост и гордост и 12. годишнина од потпишувањето на Договорот од Нахчиван. Чувствуваме задоволство од проширувањето на Турскиот совет со приклучување на нови членки и посматрачи и од обезбедувањето придонес на продлабочувањето на соработката меѓу турските Републики.“

Во соопштението се нагласува дека Турскиот совет кој ја претставува волјата за соработка што се потпира на заедничкиот јазик и заедничките историски и културни вредности на турскиот свет распространет низ пространите Евроазиски простори, како досега така и отсега ќе продолжи да биде во услуга на мирот, просперитетот и стабилноста во регионот во кој се наоѓа и пошироко.

„Во Истанбул ќе бидеме домаќин на 8. Самит на Турскиот совет кој оваа година ќе се одржи на 12 ноември. На самитот на кој како земја посматрач ќе учествува и Туркменистан ќе биде комплетерина и нашата семејна фотографија. Веруваме дека Истанбулскиот самит на кој ќе бидат донесени и значајни одлуки во врска со развојот (зајакнувањето) на Турскиот совет во наредните години, ќе биде историска пресвртница во зајакнувањето уште повеќе на единството, заедништвото и солидарноста на турскиот свет.“ - стои во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција по повод 3 октомври - Денот за соработка на туркофонските земји.

 



Слични вести