Ердоган: Со порастот на економските тешкотии ќе се распространат и ксенофобијата и исламофобијата

Претседателот Ердоган истакна дека во постепидемискиот период на Ковид-19 заедно со порастот на економските тешкотии ќе се распространат уште повеќе и ксенофобијата (настроеноста против странците) и исламофобијата (непријателството кон исламот)

1713832
Ердоган: Со порастот на економските тешкотии ќе се распространат и ксенофобијата и исламофобијата

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата работна канцеларија во сарајот Долмабахче во Истанбул ги прими претседателот на Меѓународната унија на демократи (УИД или UID) Ќоксал Куш и делегацијата во неговата придружба.

Ердоган во говорот што го одржа овде се осврна на пандемијата на коронавирусот и истакна дека заедно со нормализацијата ќе почнат да се појавуваат на светлината на денот и штетите предизвикани од пандемијата.

Претседателот Ердоган напомена дека во постепидемискиот период на новиот тип коронавирус (Ковид-19) заедно со порастот на економските тешкотии ќе се распространат уште повеќе и ксенофобијата (настроеноста против странците) и исламофобијата (непријателството кон исламот).

Тој појасни дека сликите коишто се појавуваат од бензинските станици и маркетите во Велика Британија се само едниот од примерите на прекршување предизвикани од пандемијата во синџирите на снабдување и го рече следното: „Голема е веројатноста со текот на времето слични тешкотии да се доживеат и во другите земји. Заедно со порастот на економските тешкотии во постепидемискиот период на коронавирусот ќе се распространат уште повеќе и настроеноста против странците (ксенофобијата) и непријателството кон исламот (исламофобијата).“

Велејќи дека статистичките податоци во врска со злосторствата од омраза ги изнесуваат очајните димензии до коишто пристигнаа непријателството кон муслиманите и Турците, претседателот Ердоган рече: „Секако дека нашата држава ќе продолжи да го следи со нејзините надлежни институции и единици ова прашање коешто директно се заканува на спокојството, безбедноста и благосостојбата на вас, нашите граѓани.“

Ердоган нагласи дека културниот расизам не е проблем којшто влијае негативно само на Турците, туку е универзален проблем којшто влијае негативно на сите странци, сите доселеници (мигранти) во Европа.

„Преземањето иницијатива, присвојувањето на прашањето од страна на нашите граѓански организации ќе ја зајакне и нашата основа на соработка со другите муслимански и доселенички (мигрантски) заедници. Од тој аспект сметам дека ќе биде од голема полза Меѓународната унија на демократи да го поставува повеќе на својот дневен ред ова прашање и да ги интензивира своите активности.“ - рече претседателот Ердоган.

 



Слични вести