Реакција од Турција против Грција и Јужната кипарско-грчка управа во врска со Источниот Медитеран

Министерството за надворешни работи соопшти дека Турција ќе продолжи да ги брани ѝ своите сопствени права, ѝ правата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во Источниот Медитеран

1713742
Реакција од Турција против Грција и Јужната кипарско-грчка управа во врска со Источниот Медитеран

Турција соопшти дека ќе продолжи да ги брани ѝ своите сопствени права, ѝ правата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во Источниот Медитеран.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи е покажана реакција против максималистичките тврдења на Грција и Јужната кипарско-грчка управа во врска со сферите на надлежност во морето и нивните активности со зголемување на тензијата во Источниот Медитеран.

Во соопштението се потсетува дека, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган минатата година и предложи на Европската унија (ЕУ) да се организира сеопфатна конференција за Источниот Медитеран, а воедно и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) како заеднички стопан на островот на 13 јули 2019 година и достави детален предлог на Јужната кипарско-грчка управа.

„Додека сите овие предлози се наоѓаат на маса, се согледува дека Грција и Јужната кипарско-грчка управа во последните месеци ја зголемуваат тензијата во Источниот Медитеран и се обидуваат да реализираат еднострани и провоцирачки активности. Впрочем како додаток на обидите на Грција во последно време за нарушување на нашиот континентален гребен, и Јужната кипарско-грчка управа соопшти дека со италијански брод којшто плови под знамето на Малта почнувајќи од 3 октомври ќе реализира истражувања на начин што ќе ги прекршува правата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и континенталниот гребен на нашата земја. Јужната кипарско-грчка управа соопштува дека и во месец ноември ќе започне нова сондажа јужно од островот. Сиве овие еднострани активности ќе ја зголемат тензијата во Источниот Медитеран, ќе се закануваат на мирот и стабилноста.“ - се вели во соопштението на МНР на Турција.

Во соопштението се нагласува дека се фрлаат неопходните чекори на теренот и масата против овие еднострани активности на Грција и Јужната кипарско-грчка управа и дека воедно им се става до знаење и на третите земји во однос на тоа дека не треба да бидат доведени во состојба на средство во овие активности.

Во соопштението се додава и следното: „Нашата земја ќе продолжи да ги брани со одлучност ѝ своите сопствени права ѝ правата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во Источниот Медитеран.“

 



Слични вести