Министерот за национална одбрана Акар разговараше телефонски со неговиот американски колега Остин

Министерството за национална одбрана (МНО) соопшти дека во телефонскиот разговор помеѓу двајцата министри за одбрана Акар о Остин беа разменети мислења посветени на  билатералната и регионалната соработка во безбедносно-одбранбени прашања

1713601
Министерот за национална одбрана Акар разговараше телефонски со неговиот американски колега Остин

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар оствари телефонски разговор со американскиот државен секретар Лојд Остин.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана (МНО), во телефонскиот разговор помеѓу двајцата министри за одбрана Акар о Остин беа разменети мислења посветени на  билатералната и регионалната соработка во безбедносно-одбранбени прашања.

Хулуси Акар и Лојд Остин го нагласија значењето на поблиската соработка и координација, како на зајакнувањето на воените односи помеѓу двете земји. 

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар оствари телефонски разговор и со министерот за одбрана на Филипините Делфин Н. Лорензана.

Двајцата министри за одбрана, Акар и Лорензана во телефонскиот разговор разменија мислења во однос на билатерални и регионални одбранбено-обезбедносни прашања, како и соработката во одбранбената индустрија.



Слични вести