Реакција од Турција против Грција во врска со постигнатиот договор за одбрана со Франција

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Танжу Билгич во објавеното писмено соопштение информира дека максималистичките тврдења на Грција во врска со сферите на надлежност во морето и воздушниот простор се во спортивност со меѓународото право

1713103
Реакција од Турција против Грција во врска со постигнатиот договор за одбрана со Франција

Турција покажа реакција против соопштението на грчкото Министерство за одбрана во кое се истакнува дека постигнатиот договор за одбрана со Франција се однесува и на сферите на надлежност во морето.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Танжу Билгич во објавеното писмено соопштение информира дека максималистичките тврдења на Грција во врска со сферите на надлежност во морето и воздушниот простор се во спортивност со меѓународото право.

Билгич го рече следното: „Претставува празна илузија тоа што Грција по пат на формирање билатерални воени сојузи против Турција, на начин што ќе му се наштети и на НАТО сојузот, мисли дека ќе овозможи да бидат прифатени овие нејзини тврдења коишто се доведуваат во прашање и од страна на меѓународната заедница. Овие видови празни напори ќе ја зголемат уште повеќе нашата одлуност по прашањето на одбраната ѝ на нашите сопствени права во Егејот и Медитеранот, ѝ на правата на Турската Република Северан Кипар (ТРСК).“

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Танжу Билгич нагласи дека тоа што Грција наместо политика на соработка води политика на наоружување, изолирање и отуѓување на Турција, ќе и наштети на самата нејзе и на Европската унија (ЕУ) чија е членка.

Билгич додаде тоа е проблематична политика на Грција којашто претставува закана за регионалниот мир и стабилноста.



Слични вести