Претседателот Ердоган: Квалитетот на растот што ќе го постигнеме е од критично значење за нас

Претседателот Ердоган на отворањето на новата законодавна година рече: Квалитетот на растот што ќе го постигнеме е од критично значење за да ја воспостави стабилноста, правдата во распределбата на приходите и да обезбеди нови можности за вработување

1713481
Претседателот Ердоган: Квалитетот на растот што ќе го постигнеме е од критично значење за нас

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на отворањето на новата петта законодавна година од 27. сесија на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Претседателот Ердоган во своето обраќање пред пратениците во Собранието се осврна на прашања посветени на новиот Устав, тероризмот, економијата, надворешната политика, регионални и меѓународни прашања.

Ердоган рече: „Квалитетот на растот што ќе го постигнеме е од критично значење за нас за да ја воспостави стабилноста, правдата во распределбата на приходите и да обезбеди нови можности за вработување за нашите млади. Чувствуваме задоволство од тоа што плодот од инвестирањата коишто ги реализиравме во здравствената инфраструктура и човечките ресурси на нашата земја, го добивме со сите елементи во еден ваков кризен период.“

Осврнувајќи се и на прашањето со климатските промени што претставува глобален проблем, претседателот Ердоган го рече следното: „Нашата одлучност за доставување на Парискиот климатски договор на разгледување и одобрување во Собранието, е и првата радосна вест на Револуцијата за зелен развој што ја започнавме.“

По прашањето со Сирија пак, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека се гледа тоа колку е беспомошна меѓународната заедница по прашањето на управувањето на мигрантскиот бран.

„Додека Турција самата им ја отвори својата прегратка на 4 милиони угнетени, имаше такви кои западнаа во паника пред неколку илјади мигранти кои се потпреа на нивните граници и презентираа начин на однесување далеку од човештво. Сопствениците на овој нечовечки начин на однесување, освен тоа ги прекршуваат и резолуциите на Обединетите нации (ОН) во врска со правата на мигрантите. Не може да се држи статистика за тоа колку илјади лица секоја година ги губат своите животи при патување кон надежта во мрачните води на Средоземното Море. Но само овие прашања сами по себе требаше да бидат доволни да ги кренат на нозе општествата кои имаат совест, морал и почит кон луѓето.“ - подвлече претседателот Ердоган.

 



Слични вести