На планината Кандил на северот на Ирак неутрализиран истакнат терорист т.н. одговорен за Киркук

Националната разузнавачка служба (МИТ) и Турските вооружени сили од чија страна беше утврдено дека терористот под кодно име „Делил Сиирт“ т.н. одговорен на ПКК/КЏК за теренот во Киркук се наоѓа на планината Кандил, реализираа заедничка операција

1713478
На планината Кандил на северот на Ирак неутрализиран истакнат терорист т.н. одговорен за Киркук

Во подрачјето на планината Кандил во северниот дел на Ирак е неутрализиран терорист од водечкиот кадар на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, т.н. одговорен за теренот во Киркук. 

Националната разузнавачка служба (МИТ) и Турските вооружени сили (ТСК) од чија страна беше утврдено дека терористот познат под кодното име „Делил Сиирт“ т.н. одговорен на ПКК/КЏК за теренот во Киркук се наоѓа на планината Кандил, реализираа заедничка операција во подрачјето. 

Во операцијата беше неутрализиран терористот по име Мехмет Хатип Аритурк познат под кодното име „Делил Сиирт“.

Во врска со терористот е установено дека учествувал во организирањето на бројни терористички акции на ПКК/КЏК против цивилите во градчето Африн во северозападниот дел на Сирија во 2015 година, а воедно е утврдено дека во градот Киркук во Ирак во 2016 година учествувал и во активностите за набавување на ракети и муниција за тешко оружје коишто ги обезбедува ПКК/КЏК од други земји и ги користи во терористичките акциите против Турција.

Како што се дознава терористот исто така ги организирал и разузнавачките активности на организацијата и ја извршувал должноста т.н. одговорен за идеолошки активности на теренот во подрачјето на планината Кандил.



Слични вести