Мевлут Чавушоглу: Ќе продолжи поддршката на Турција на Африка

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состана со претседателот на Комисијата на Африканската Унија (AfB) Муса Факи Махамат

1713068
Мевлут Чавушоглу: Ќе продолжи поддршката на Турција на Африка

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера во Анкара се состана со претседателот на Комисијата на Африканската Унија (AfB) Муса Факи Махамат кој престојува во официјална посета на Турција.

По средбата, Чавушоглу и Махамат одржаа заедничка прес-конференција.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу овде истакна дека Турција ќе продолжи да им доставува поддршка на Африканската унија и на африканските земји.

Велејќи дека беше остварена средба лице в лице со претседателот на Комисијата на Африканската Унија (AfB) Муса Факи Махамат, а  потоа беа одржани и меѓуделегациски разговори, Чавушоглу истакна дека на разговорите беше направена проценка и на односите меѓу Турција и Африканската унија и беа разгледани случувањата во Африка и регионални прашања.

Чавушоглу напомена дека на дневен ред се наоѓа Партнерскиот самит Турција-Африканската унија да се одржи на 17 и 18 декември, во врска со што го рече следното: „Посакуваме овој самит да помине многу успешно. Нашиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган има јасна инструкција; треба да биде поуспешен самит од сите други самити. За да помине успешно ќе ги мобилизираме сите наши можности. На 21 и 22 октомври во Истанбул ќе се одржи и третиот економски и бизнис форум меѓу Турција и Африка.“ 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу информира дека ќе и се достави поддршка на Африка во вакцини против новиот тип коронавирус (Ковид-19) и го рече следното: „Ќе продолжиме да фрламе конкретни чекори во бројни сфери. Ќе продолжи нашата поддрша како Турција на Африканската унија и на африканските земји. Како Турски совет ќе им доставиме на земјите на Африканската унија и поддршка во вакцини.“

 



Слични вести