Претседателот Реџеп Тајип Ердоган отпатува за Сочи

Ердоган прво ќе го сврти вниманието на присуството на ПКК во Тел Рифат и Мунбич, и ќе потенцира на потребата за окончување на терористичкото присуство во согласност со договорите од Астана

1712236
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган отпатува за Сочи

 

Претседателот Ердоган на меѓународниот аеродром во Сочи беше пречекан од заменик-гувернерот на регионот Краснадор, Александар Рупел, градоначалникот на Сочи, Алексеј Копајгородски, генералниот директор на државниот протокол на Министерството за надворешни работи на Русија - Игор Богдашев, турскиот амбасадор - Мехмет Самсар, генералниот конзул на Новоросијск - Фарат Бајар и персоналот на амбасадата.

Ердоган ќе има тет-а тет средба со рускиот претседател Владимир Путин. Сирија ќе биде главна тема на дневниот ред на разговорите.

Ердоган прво ќе го сврти вниманието на присуството на ПКК во Тел Рифат и Мунбич, и ќе потенцира на потребата за окончување на терористичкото присуство во согласност со договорите од Астана.

Претседателот Ердоган, исто така, ќе го пренесе незадоволството што се чувствува за неодамнешните напади против Турција од регионите контролирани од Русија и ќе побара да се спречат нападите.

На состанокот каде на маса ќе биде изндесена и заканата од нов имиграциски бран од Идлиб и Сирија, ќе се разговара за актуелните регионални случувања и меѓународните прашања, особено Либија и Авганистан. Покрај тоа, ќе бидат разгледани и односите Турција-Русија.

Заедно со претседателот Ердоган во Сочи заминаа шефот на Националната разузнавачка организација (МИТ) Хакан Фидан, шефот на дирекцијата за комуникации при претседателството Фахретин Алтун и портпаролот на претседателот Ибрахим Калин.



Слични вести