Шентоп: ФЕТО претставува закана за националната безбедност на братските земји

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп истакна дека Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) претставува закана за националната безбедност на земјите во кои делува, а првенствено на братските земји

1711802
Шентоп: ФЕТО претставува закана за националната безбедност на братските земји

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп кој престојува во посета на Казахстан говореше на состанокот на 10. Генерално собрание на Парламентарната асамблеја на туркофонските земји (ТУРКПА) на тема „Соработката меѓу парламентите на турскиот свет и очекувањата од иднината“ што се одржа во градот Туркестан.

Шентоп истакна дека Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) претставува закана за националната безбедност на земјите во кои делува, а првенствено на братските земји.

Привлекувајќи внимание дека постепено расте значењето на парламентите и парламентарците во меѓународните односи, Мустафа Шентоп истакна дека Парламентарната асамблеја на туркофонските земји (ТУРКПА) е дојдена во состојба на структура на меѓународно ниво за развивање на заеднички решенија за заедничките проблеми.

Шентоп во својот говор потсети на обидот за пуч на 15 јули 2016 година и истакна дека единствената цел на ФЕТО е да ги заземе земјите во кои е сместена и делува.

Нагласувајќи дека ФЕТО делува и во голем број земји надвор од Турција, претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп рече: „Повторно би сакал да кажам дека оваа предавничка организација претставува закана за националната безбедност на земјите во кои делува, а првенствено на братските земји.“



Слични вести