Претседателот Ердоган утре ќе отпатува во работна посета на Русија

На утрешната средба помеѓу Ердоган и Путин освен билатералните односи помеѓу Турција и Русија се предвидува да бидат разгледани актуелни регионални случувања и меѓународни прашања, на чело со случувањата во Сирија, Либија и Авганистан

1711661
Претседателот Ердоган утре ќе отпатува во работна посета на Русија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, на покана на рускиот претседател Владимир Путин утре ќе престојува во работна посета на Русија.

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации при претседателството, на утрешната средба помеѓу претседателот Ердоган и рускиот претседател Путин освен билатералните односи помеѓу Турција и Русија се предвидува да бидат разгледани актуелни регионални случувања и меѓународни прашања, на чело со случувањата во Сирија, Либија и Авганистан.



Слични вести