Ердоган ќе се состане со Бајден на Лидерскиот самит на Г-20 во Рим

Двајцата лидери за последен пат се состанаа за време на Лидерскиот самит на НАТО што се одржа во главниот град на Белгија, Бирсел, на 14 јуни оваа година

1711806
Ердоган ќе се состане со Бајден на Лидерскиот самит на Г-20 во Рим

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе се состане со претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден на маргините на Лидерскиот самит на Г-20 што ќе се одржи во главниот град на Италија, Рим.

Двајцата лидери за последен пат се состанаа за време на Лидерскиот самит на НАТО што се одржа во главниот град на Белгија, Бирсел, на 14 јуни оваа година.

Оваа средба беше првата остварена средба лице в лице помеѓу претседателот Ердоган и американскиот претседател Бајден.

Овојпат двајцата лидери ќе се состанат лице в лице на Лидерскиот самит на Г-20 што ќе се одржи во претстојните денови, во главниот град на Италија, Рим.

На оваа средба, освен билатералните прашања се очекува да бидат разгледани и чекорите по прашањата на купените противвоздушно одбранбени системи С-400 од Русија и борбените авиони Ф-35. 

Друга точка на дневниот ред на средбата Ердоган-Бајден се очекува да биде и најновата ситуација во Авганистан.

 



Слични вести