Акар: Можна е реализација на заедничка операција со Ирак против терористичката организација ПКК

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар најави дека е можна реализација на заедничка операција со Ирак против сепаратстичко-терористичката организација ПКК

1711587
Акар: Можна е реализација на заедничка операција со Ирак против терористичката организација ПКК

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар по состанокот на претседателскиот кабинет што се одржа вчера одговараше на прашањата на новинарите.

Притоа велејќи дека можна е реализација на заедничка операција со Ирак против сепаратстичко-терористичката организација ПКК, Акар рече: „Разговараме со ирачкиот министер за одбрана, вклучувајќи го и формирањето на заеднички центар.“

Хулуси Акар истакна дека Турција покажува почит кон граничната безбедност и суверените права на сите нејзини соседи на чело со Ирак и Сирија, додека на поставеното прашање на еден друг новинар „Дали постои можност за реализација на заедничка операција со Ирак против терористичката организација и дли постои комуникација по ова прашање?“, одговори со зборовите: „Комуникација постои. Ние разговараме со министерот за одбрана (на Ирак), нашите другари разговараат со нивните колеги на теренот.“

„На одржаните разговори отворено и јасно го истакнавме тоа дека терористите вгнездени во Ирак се неволја за нашиот народ, дека како држава сме одлучни да го спасиме нашиот народ од оваа неволја и дека нашата единствена цел се терористите“, - рече министерот Акар и ја сподели следната информација „Разговараме што би можеле да направиме заедно, вклучувајќи го и формирањето на заеднички центар.“ 

Правејќи проценка на растечките воздушни напади во последно време врз северниот дел на Сирија, министерот за национална одбрана Хулуси Акар го рече следното: „Тие (Русите) велат дека овие напади ги реализираат против тамошните терористички групи. Меѓутоа, нема терирусти ниту меѓу загинатите, ниту меѓу оние кои бегаат како резултат на овие напади. Со месеци се обидуваме да го објасниме тоа. Ние се придржуваме кон основите во рамките на постигнатиот договор со Русија. Го направивме она што е потребно да се направи по ова прашање и со големи напори го исполнуваме тоа. Очекуваме да се придржува кон своите одговорности во меморандумот за разбирање и спротивната страна.“

 



Слични вести