Телефонски разговор меѓу Ердоган и Алиев по повод „Денот на сеќавање на шехидите (паднатите борци)“

Претседателот Ердоган во телефонскиот разговор уште еднаш го изрази своето сочувство до Алиев за војниците кои станаа шехиди (загинаа) во војната во Карабах и воедно му честита по повод извојуваната победа

1711222
Телефонски разговор меѓу Ердоган и Алиев по повод „Денот на сеќавање на шехидите (паднатите борци)“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев по повод „Денот на сеќавање на шехидите (паднатите борци).

Според објавеното соопштение од кабинетот на азербејџанскиот претседател, претседателот Ердоган во телефонскиот разговор уште еднаш го изрази своето сочувство до Алиев за војниците кои станаа шехиди (загинаа) во војната во Карабах и воедно му честита по повод извојуваната победа.

Во телефонскиот разговор азербејџанскиот претседател Илхам Алиев му се заблагодари на претседателот Ердоган и упати пофалби до Ердоган за дадената политичка и духовна поддршка на Азербејџан во периодот на војната.

Двајцата претседатели, Реџеп Тајјип Ердоган и Илхам Алиев, ја изнесоа довербата за продолжување на развојот и зајакнувањето во секоја сфера на пријателството и братството помеѓу Турција и Азербејџан.



Слични вести