Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп во посета на Казахстан

Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп во главниот град на Казахстан, Нур-Султан кадешто допатува по повод 10. состанок на Генералното собрание на Парламентарната асамблеја на туркофонските земји (ТУРКПА), се состана со турските бизнисмени

1710783
Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп во посета на Казахстан

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп заедно со парламентарна делегација во негова придружба престојува во посета на Казахстан.

Шентоп, вчера првиот ден од неговата посета во главниот град Нур-Султан на Казахстан кадешто допатува по повод 10. состанок на Генералното собрание на Парламентарната асамблеја на туркофонските земји (ТУРКПА), се состана со турските бизнисмени кои делуваат во оваа земја.

Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп во оваа прилика во врска со односите помеѓу Турција и Казахстан го рече следното: „Во нашиот трговски обем во периодот на пандемијата на новиот тип коронавирус нема намалување, туку има раст. Заклучно со седмиот месец на 2021 година, во споредба со претходните години, имаме раст од околу 50 отсто.“

Укажувајќи дека односите помеѓу Турција и Казахстан се наоѓаат на многу добро ниво, Шентоп рече: „Првиот ден кога Казахстан ја прогласи својата независност, Турција ја призна неговата независност. Исто така Таа е првата земја која ги воспостави дипломатските односи. Од тој ден досега ги продолжуваме нашите односи со Казахстан во секоја сфера, во пријателство и братство.“

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп напомена дека односите со Казахстан се потпираат на мошне силни темели и во економска смисла, во врска со што го подвлече следното: „Во нашиот трговски опбем во периодот на пандемијата на новиот тип коронавирус нема намалување, туку има раст. Заклучно со седмиот месец на 2021 година, во споредба со претходните години имаме раст од околу 50 отсто. Ако делуваме вака на брз начин ќе достигнеме до целта од 10 милијарди долари којашто е поставена од страна на нашите претседатели. Сека многу се значајни и вашите придонеси по ова прашање.“

 



Слични вести