Претседателот Ердоган за „CBS“: Не треба да им се дава оружје на терористичките организации

Претседателот Ердоган изјави за американскот телевизиски канал „CBS“ (Си-Би-Ес) дека не треба да им се дава оружје на терористичките организации

1710723
Претседателот Ердоган за „CBS“: Не треба да им се дава оружје на терористичките организации

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, во Њујорк во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто престојуваше по повод состаноците на 76. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) одговараше на прашањата на Маргарет Бренан, водителката на програмата „Face the Nation“ (Лицето на нацијата) којашто се емитува на американскот телевизиски канал „CBS“ (Си-Би-Ес).

Претседателот Ердоган истакна дека не треба да им се дава оружје на терористичките организации и го рече следното: „Соединетите Американски Држави (САД) се земја членка на НАТО. Ние сме земја членка на НАТО. Би требало да бидеме во солидарност во НАТО и терористичките организации не би требало да добиваат ваков вид поддршка оттука.“

Покажувајќи реакција против поддршката којашто САД им ја даваат на терористичките организации, Ердоган рече: „Првенствено не треба да им се дава ваков вид поддршка во оружје на терористичките организации ПКК/ЈПГ/ПЈД.“ 

На поставеното прашање на водителката „Дали има докази дека оружјето коешто САД им ги доставуваат на групите коишто ги сметаат за свои сојузници во борбата против ДЕАШ? Дали има закана насочена против вас од овие групи поради поддршката на САД?“, претседателот Ердоган одговори со зборовите „Тоа го истакнав и во времето на почитуваниот (поранешен претседател на САД) Трамп и нему лично. И во моментов, повторно на ист начин со голем број шлепери во регионот (во Сирија, Ирак) доаѓаат оружје, муниција и сл. Сето тоа ние им го изнесовме и им го изнесуваме и со посредство на нашата разузнавачка служба. Секако, тоа ќе го изнесуваме на ист начин и во наредниот период.“

На поставеното прашање „Дали тоа му го пренесовте на американскиот претседател Џо Бајден?“, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го рече следното: „Сето тоа ние им го пренесовме на нашите соговорници. Моментално, мојот шеф за разузнавање на ист начин тоа му го достави, му го доставува на неговиот колега. Нема да се воздржуваме да го доставуваме сето тоа и во индина. Бидејќи постојат некои вистини. САД се земја членка на НАТО. Ние, исто така сме земја членка на НАТО. Би требало да бидеме во солидарност во НАТО и терористичките организации не би требало да добиваат ваков вид поддршка оттука. И тоа мораме да го кажуваме.“

 



Слични вести