Претседателот Ердоган: Турција ќе преземе предводничка улога во климатските промени

Претседателот Ердоган рече дека штом климатските промени се реалност секако Турција ќе преземе предводничка улога во едно такво витално прашање

1711238
Претседателот Ердоган: Турција ќе преземе предводничка улога во климатските промени

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на одржаната прес-конференција по состанокот на Претседателскиот кабинет истакна дека Турција која фрла нов и историски чекор по прашањето на климатските промени како природен резултат на револуцијата за зелен развој, се наоѓа меѓу земјите кои го прифатија Парискиот климатски договор.

Претседателот Ердоган рече дека штом климатските промени се реалност секако Турција ќе преземе предводничка улога во едно такво витално прашање. 

Велејќи дека со случувањата во последниот период и ветувањата коишто и се дадени на Турција е донесена одлука за ратификување на овој договор наредниот месец, Ердоган рече: „Ќе го завршиме процесот на ратификување до Самитот за климатски промени што ќе се одржи во месец ноември во Глазгов.“

Тој потсети дека Турција всушност подготвувајќи го нејзиниот потребен план за акција за усогласување со зелениот договор на Европската унија (ЕУ) фрли значаен чекор по ова прашање.

„Сите наши среднорочни и долгорочни програми за развој ќе ги подготвиме и водиме под водство на структуралната трансформација како потреба на револуцијата за зелен развој. Овој избор не е луксуз, загуба за нас, туку сосема напротив ќе биде патна карта за подготвување од сегашноста за иднината. Штом климатските промени се реалност, секако Турција ќе преземе предводничка улога во едно такво витално прашање.“ - рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

 



Слични вести