Претседателот Ердоган со порака по повод првата годишнина од војната во Карабах

Претседателот Ердоган сподели објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер по повод првата годишнина од Втората војна во Карабах со која беа ослободени Карабах и окупираните азербејџански територии

1711219
Претседателот Ердоган со порака по повод првата годишнина од војната во Карабах

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на одбележувањето на годишнината од славната борба со која беа ослободени Карабах и окупираните азербејџански територии им изрази милост на сите шехиди (паднати борци).

Претседателот Ердоган сподели објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер по повод првата годишнина од Втората војна во Карабах.

„Со милост се сеќавам на сите наши шехиди (паднати борци) на денот на одбележување на првата годишнина од славната победа со која беа ослободени Карабах и окупираните азербејџански територии. Карабах е Азербејџан.“ - напиша претседателот Ердоган.

Инаку, азербејџанската армија на 27 септември 2020 година влезе во војна со ерменската армија за ослободување на териториите кои се наоѓаа под окупација на Ерменија при што по 44 дневната војна ги ослободи своите окупирани територии.



Слични вести