Годинашниот петти ТРТ Ворлд Форум ќе се одржи онлајн на 19 и 20 октомври

Годинашниот петти ТРТ Ворлд Форум (TRT World Forum) ќе се одржи онлајн во виртуелна средина на 19 и 20 октомври на тема „Моќта и парадоксот: Да се разбере големата стратегија во 21-от век“

1710883
Годинашниот петти ТРТ Ворлд Форум ќе се одржи онлајн на 19 и 20 октомври

ТРТ Ворлд Форум (TRT World Forum) на својата петта годишнина ќе се одржи онлајн во виртуелна средина на 19 и 20 октомври на тема „Моќта и парадоксот: Да се разбере големата стратегија во 21-от век“.

Според објавеното соопштение од страна на Турската радио и телевизија (ТРТ), ТРТ Ворлд Форум кој се одржува од 2017 година наваму со цел да се бара решение за значајните глобални проблеми на светот оваа година се одржува по петти пат.

На годинашниот форум ќе се состанат академици, граѓански организации, мислители, политичари, експерти и претставници на медиуми од сите страни на светот. 

На форумот, светски познати лица експерти во различни сфери ќе дебатираат на 16 седници за теми и проблеми коишто се појавуваат на преден план во последните години.

Со панели посветени на прашања како што се глобалните хуманитарни кризи, меѓународните безбедносни политики, границите на моќта и дискусии за глобалната правда, излагачите ќе се осврнат и на прашања коишто го засегаат целото човештво.   

Во меѓувреме, по заземањето на Авганистан од страна на Талибан на годинашниот ТРТ Ворлд Форум (TRT World Forum) е додадена и сесијата „Враќање кон Талибан: Направените грешки и лекциите коишто ќе бидат извлечени.“

На оваа сесија на која ќе имаат свои излагања експерти во различни сфери ќе биде анализирана детално најновата ситуација во Авганистан. 

За петтиот ТРТ Ворлд Форум ќе може да се аплицира преку веб-страницата  https://www.trtworldforum.com/trt-world-forum-2021/ 

 



Слични вести