Чавушоглу: Кризата во Авганистан се одразува поготово на соседните земји од турскиот свет

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека кризата во Авганистан се одразува поготово на соседните земји од турскиот свет

1711008
Чавушоглу: Кризата во Авганистан се одразува поготово на соседните земји од турскиот свет

Во работната канцеларија на претседателството во сарајот Долмабахче во Истанбул започна Вонредниот состанок на министри за надворешни работи на Советот за соработка на туркофонските земји (Турскиот совет), на кој ќе бидат разгледани актуелните случувања во Авганистан.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во своето обраќање што го одржа овде пред учесниците истакна дека кризата во Авганистан се одразува поготово на соседните земји од турскиот свет и дека значајна е силната порака којашто министрите за надворешни работи на Турскиот совет ќе му ја испратат на светот со објавување на заедничко соопштение по прашањето на Авганистан.

Привлекувајќи внимание дека состанокот се совпадна со годишнината од 44 дневната војна со која Азербејџан ги ослободи своите територии кои се наоѓаа под ерменска окупација, Чавушоглу рече: „Со милост и благодарност се сеќавам на сите наши шехиди (загинати, паднати борци) на чело со нашите азербејџански јунаци кои ги положија своите животи за одбраната и независноста на нашите татковини.“

Чавушоглу рече дека случувањата во Авганистан имаат влијанија во глобално ниво, но дека турскиот свет како сосед на Авганистан го чувствува и ќе го чувствува многу повеќе влијанието на овие случувања.

„Нас исто така не засега директно и тоа што во Авганистан живее неколку милионско население од турско потекло.“ - рече Тој.

Велејќи дека дури и самиот овој состанок претставува показател за растечкиот профил на Турскиот совет на меѓународната арена, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека ќе се даде силна порака во однос на соработката во единството на турскиот свет и меѓународни прашања.

 



Слични вести