Во северниот дел на Сирија се неутрализирани тројца терористи на ПКК/ЈПГ

Министерството за национална одбрана соопшти дека во северниот дел на Сирија се неутрализирани тројца терористи на сепараристичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кои се подготвувале за напад врз подрачјето на операцијата Маслиново гранче

1710308
Во северниот дел на Сирија се неутрализирани тројца терористи на ПКК/ЈПГ

Во северниот дел на Сирија се неутрализирани тројца терористи на сепараристичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кои се подготвувале за напад врз подрачјето на операцијата Маслиново гранче.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана (МНО) преку социјалната мрежа Твитер се нагласува дека борбата на Турските вооружени сили (ТВС) против тероризмот продолжува без да го намали својот интензитет.

Во соопштението се истакнува дека турските командоси неутрализираа тројца терористи на ПКК/ЈПГ кои се подготвувале за напад врз подрачјето на операцијата Маслиново гранче и се вели следното: „Нашата борба ќе продолжи се додека не биде неутрализиран и последниот терорист.“



Слични вести