Турција, по Нови Пазар се подготвува да отвори Генерален конзулат и во Ниш

Амбасадорот на Турција во Белград Хами Аксој во дадената изјава за новинската Агенција Анадолија „АА“ изјави дека конзулатот кој ќе биде отворен во градот Ниш, на југот на Србија, ќе биде во услуга на турските граѓани гурбетчии кои доаѓаат во Турција

1710328
Турција, по Нови Пазар се подготвува да отвори Генерален конзулат и во Ниш

Турција по Генералниот конзулат во Нови Пазар кој беше свечено отворен неодамна, се подготвува да отвори да отвори конзулат и во градот Ниш во Србија, кој инаку се наоѓа на патот по кој патуваат Турците кои живеат во европските земји.

Амбасадорот на Турција во Белград Хами Аксој во дадената изјава за новинската Агенција Анадолија „АА“ изјави дека конзулатот кој ќе биде отворен во градот Ниш, на југот на Србија, ќе биде во услуга на турските граѓани гурбетчии кои доаѓаат во Турција, ќе биде од корист за турската дијаспора и ќе придонесе за развојот на трговските, економските и културните односи меѓу Турција и Србија.

Укажувајќи дека конзулатот се отвора по налог на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу издаден за време на неговата остварена посета на Србија од 31 август до 1 септември, Аксој рече дека се преземени неопходните иницијативи кај Министерството за надворешни работи на Србија и дека отворањето на конзулатот ќе се освари во најскоро време.

Тој исто така истакна дека конзулатот во Ниш ќе биде втората конзуларна канцеларија на Турција во Србија и додаде дека на дневен ред се наоѓа и започнувањето на редовни летови помеѓу Истанбул и Ниш.

Градоначалничката на Ниш Драгана Сотировски во изјавата што ја даде на нејзиниот профил преку социјалните медиуми исто така рече дека конзулатот во Ниш ќе биде во услуга на турските граѓани кои патуваат низ Србија и дека воедно ќе ги олесни и инвестирањата на турските бизнисмени во градот Ниш.

Таа истакна дека се спремни да ги преземат и работите за реставрација на османлиските дела во овој регион.

 



Слични вести