„Турскиот дом“ во Њујорк од 27 септември ќе почне да врши конзуларни услуги за турските граѓани

Во објавеното соопштение на профилот на Генералниот конзулат на Турција во Њујорк преку Твитер се истакнува следното: „Нашите конзуларни услуги ќе почнат да се вршат во нашата нова зграда на 'Турскиот дом' (Туркеви) почнувајќи од 27 септември, понеделник“

1710313
„Турскиот дом“ во Њујорк од 27 септември ќе почне да врши конзуларни услуги за турските граѓани

Зградата на „Турскиот дом“ (Туркеви) во Њујорк, во Соединетите Американски Држави (САД) чие свечено отворање беше остварено во изминатите денови почнувајќи од 27 септември, понеделник, ќе почне да им дава конзуларни услуги на турските граѓани.

Во објавеното соопштение на профилот на Генералниот конзулат на Турција во Њујорк преку социјалната мрежа Твитер се истакнува следното: „Нашите конзуларни услуги ќе почнат да се вршат во нашата нова зграда на 'Турскиот дом' (Туркеви) почнувајќи од 27 септември, понеделник.“ 

Инаку, новоизградната зграда на „Турскиот дом“ (Туркеви) во Њујорк, во САД, беше свечено отворена на 20 септември од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Во зградата на „Турскиот дом“ (Туркеви) која се наоѓа веднаш наспроти Генералното седиште на Орагнизацијата на обединетите нации (ООН) во Њујорк, се сместени Постојаното претставништво на Турција во ОН, Генералниот конзулат на Турција во Њујорк и Претставништвото на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).



Слични вести