Претседателот Ердоган: Турција фрли потпис на приказна на голем успех во сферата на енергијата

Претседателот Ердоган: Турција фрли потпис на приказна на голем успех во конверзијата на енергијата, обновливата енергија и продуктивноста на енергијата

1710341
Претседателот Ердоган: Турција фрли потпис на приказна на голем успех во сферата на енергијата

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган испрати видео порака на „Состанокот за енергетски дијалог на високо ниво на Обединетите нации).

Ердоган во пораката истакна дека Турција фрли потпис на приказна за голем успех во конверзијата на енергијата, обновливата енергија и продуктивноста на енергијата.

Велејќи дека глобалното затоплување и климатските промени се наоѓаат на чело на најзначајните предизвици во историјата на човештвото, претседателот Ердоган појасни дека дури и најдалечните места на светот се соочуваат со природни непогоди, здравствени проблеми и економски и социјални тешкотии поттикнати од климатската криза.

Тој нагласи дека со оваа криза може да се управува само со глобална соработка и го рече следното: „Затоа не треба да оставиме никого назад, треба да обезбедиме праведно споделување на товарот. Јасно е дека најголемиот придонес во оваа насока ќе го обезбеди енергетскиот сектор. Треба да се намали употребата на традиционалните енергетски извори, да се распространат обновнивите и чистите енергетски извори, да се зголеми продуктивноста на енергијата.“

Велејќи дека Турција фрли потпис на приказна за голем успех во конверзијата на енергијата, обновливата енергија и продуктивноста на енергијата, претседателот Ердоган рече: „Во инсталираната моќ базирана на обновлива енергија се наоѓаме на петто место во Европа и на дванаесето место во светот. Нашиот удел во обновливата енергија во инсталираната моќ на електрична енергија е 53 отсто.“ 

Претседателот Ердоган воедно информира дека Турција како одговорна членка на меѓународната заедница ќе продолжи да го прави она што ѝ се паѓа во борбата против климатската криза и обезбедувањето на трансформацијата на чиста енергија.

 



Слични вести