Претседателот Ердоган: „ТЕКНОФЕСТ“ од наредната година ќе стане меѓународен бренд

Претседателот Ердоган истакна дека Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија „ТЕКНОФЕСТ“ од наредната година ќе биде доведен во состојба на меѓународен бренд

1710507
Претседателот Ердоган: „ТЕКНОФЕСТ“ од наредната година ќе стане меѓународен бренд

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера го посети Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија „ТЕКНОФЕСТ“, најголемата технолошка манифестација на Турција, што се одржува на Аеродромот Ататурк во Истанбул.

Фестивалот се одржува од 21 до 26 септември.

Претседателот Ердоган, во придружба на неговата сопруга Емине Ердоган, турскиот научник нобеловец Азиз Санчар и студентите на просторот кадешто се одржува фестивалот на Аеродромот Ататурк ги следеше демонстративните летови „Национални крилја“ на воздушните летала гордоста на турската одбранбена индустрија.

Ердоган во говорот што го одржа овде истакна дека Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија „ТЕКНОФЕСТ“ од наредната година ќе биде доведен во состојба на меѓународен бренд.

Тој напомена дека „ТЕКНОФЕСТ“ не само што нашите деца ги запознава со најмодерните технологии на светот, воедно ги инспирира на заeдничка работа, тимски дух и им ги всадува националните чувства.

Велејќи „Младите изумители (пронаоѓачи) на ТЕКНОФЕСТ чии срца бијат со возбудување, Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола) ќе станат неимари на Турција за 2053 и 2071 година“, претседателот Ердоган рече: „Почнувајќи од наредната година ТЕКНОФЕСТ ќе го доведена во состојба на меѓународен бренд. Ќе го организираме и во пријателските и сојузничките земји на чело со Џан (нашето срце) Азербејџан.“

Претседателот Ердоган нагласи дека ако денеска можеме да зборуваме за успесите водомашните и националните технологии многу голем удел во тоа имаат чекорите коишто се фрлени во последните 19 години.

Обраќајќи им се на младите, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го рече следното: „Вие сте нашето најдрагоцено богатство, најголемото богатство на оваа земја. Имаме доверба во вас. Од вас очекувам успехот на нашиот професор Азиз Санџар да го издигнете до уште повисоко ниво. Чувстувам голема гордост (чест) од тоа што чекориме заедно со вас.“

 



Слични вести