Претседателот Ердоган: Никој не може да интервенира на сопствената одбрана на Турција

Претседателот Ердоган во интервју за американскиот телевизиски канал „CBS News“ (Си-Би-Ес Њуз) истакна дека никој не може да интервенира на сопствената одбрана на Турција

1710508
Претседателот Ердоган: Никој не може да интервенира на сопствената одбрана на Турција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Њујорк, во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто во изминатите денови престојуваше по повод состаноците на 76. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) даде специјално интервју за американскиот телевизиски канал „CBS News“ (Си-Би-Ес Њуз).

Претседателот Ердоган истакна дека никој не може да интервенира на сопствената одбрана на Турција.

„CBS News“ објави уште еден дел од интервјуто во кое изјавите на претседателот Ердоган во врска со купените противвоздушно одбранебни системи С-400 од Русија ги оцени како „предизвикување на САД“ и и м оддели место на следните зборови: „И покрај повторуваните предупредувања во однос на тоа дека ја доведува во опасност безбедноста на НАТО сојузот (Ердоган) оредизвикувајќи ги САД ја нагласи нивната одлучност и рече дека планира да купи и друг противвоздушно одбранбен систем од руско производство.“

На прашањето на главниот дописник на „CBS News“ за надворешни работи „Дали Турција ќе купи поголем број С-400 системи?“, претседателот Ердоган одговори со зборовите: „Никој не може да интервенира во тоа какви видови, од која земја и во кој степен системи за одбрана ќе купиме во иднина. Никој не може да се меша во тоа. Тие одлуки ги донесуваме само ние.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во специјалното интервју за американскиот телевизиски канал „CBS News“ (Си-Би-Ес Њуз) говореше и во врска со борбените авиони Ф-35 при што потсети дека на Турција не е се предадени авионите коишто ги плати и ја критикуваше администрацијата на САД.

 



Слични вести