Порака со сочувство од Турција до Русија

Ја споделуваме тагата на пријателскиот народ на Руската Федерација и изразуваме сочувство до семејствата на оние што ги загубија животите во оваа тажна несреќа и до владата на Руската Федерација

1710196
Порака со сочувство од Турција до Русија

Турција објави порака со сочувство за смртта на 6 членови на екипажот во авион што се урна во рускиот регион Хабаровск.

Во писменото соопштение од Министерството за надворешни работи, беше истакнато дека со ќалење беше примена веста за смртта на 6 членови на екипажот кои го загубија животот во авионот што се урна во регионот Хабаровск.

Во соопштението беше истакнато следното:

„Ја споделуваме тагата на пријателскиот народ на Руската Федерација и изразуваме сочувство до семејствата на оние што ги загубија животите во оваа тажна несреќа и до владата на Руската Федерација“.

Во вчерашното соопштение на Министерството за вонредни ситуации на Русија беше истакнато дека авион од типот АН-26 исчезнал од радарот на 38 километри од аеродромот во Хабаровск. Руските новински агенции, во вестите што ги објавија врз основа на владини извори, објавија дека сите 6 членови на екипажот во авионот загинале како резултат на несреќата.



Слични вести