Ердоган: „Со САД, како две земји на НАТО треба да бидеме во многу поинаква позиција“

Моментално Америка ги поддржува терористичките организации многу повеќе од очекуваното

1710206
Ердоган: „Со САД, како две земји на НАТО треба да бидеме во многу поинаква позиција“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече: „Со Соединетите Американски Држави (САД), како  две земји на НАТО, треба да бидеме во многу поинаква позиција“.

Во изјавата за новинарите по петочниот намаз во Истанбул, претседателот Ердоган рече: „Досега, односите меѓу Турција и Соединетите Американски Држави не се она ниво што го очекував и разговорите со г-дин Џо Бајден не се на очекуваната точка. Во својство на две земји членки на НАТО, нашите односи треба да бидат на понаква позиција. Ако не сме на очекуваното ниво, истите треба да се изнесат“.

Истакнувајќи дека никогаш не доживеал ваков проблем со ниту еден од американските лидери, Ердоган рече: „Моментално Америка ги поддржува терористичките организации многу повеќе од очекуваното. Наместо да се бори против нив, им обезбедува голема количина оружје и опрема. Се додека постојат овие пристапи, истите треба да ги споделиме со светското јавно мнение“.

Изјавувајќи дека неговите очекувања од рускиот претседател Владимир Путин се многу различни, претседателот Ердоган рече: „За жал, режимот во Сирија претставува закана за нас на југот на нашата земја. Тука, како пријателска земја, од г-дин Путин, поточно од Русија, очекуваме солидарност и различни пристапи. Оваа борба треба заедно да ја спроведеме на југ. Како што можеме да видиме во моментов, САД не се многу загрижени за Сирија“.

Објаснувајќи дека во Сирија се наоѓаат и се чувствува присуството на Турција, Иран и Русија, Ердоган рече: „Ако сакаме да го претвориме тоа место во мировен басен, неопходно е да одржиме заедничка средба. Ќе разговараме за овие работи. Ние се обидуваме нашите билатерални односи со Русија да ги ги искачиме на многу повиско ниво. Бидејќи нашата цел е да постигнеме обем на трговија од 100 милијарди долари“.



Слични вести