Во северниот дел на Сирија се неутрализирани 11 терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани 11 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ

1709569
Во северниот дел на Сирија се неутрализирани 11 терористи

Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани 11 терористи членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана (МНО), од страна на јуначките турски командоси е спречен уште еден обид на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ за префрлување и извршување напад со цел нарушување на безбедноста и спокојството во подрачјето на операцијата Извор на мирот.

Притоа со реализирана успешна операција се неутрализирани 11 терористи на ПКК/ЈПГ без да ги постигнат своите цели.

Во соопштението на Министерството е споделена и пораката дека нема да се дозволи премин за терористите.



Слични вести