Во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1709669
Во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи

Во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува следното: „Продолжуваме да гаѓаме ненадејно! Од страна на нашите воздухопловни сили се неутрализирани двајца терористи на ПКК, утврдени во областа Метина во северниот дел на Ирак. Нашите операции ќе продолжат на ефикасен и одлучен начин.“

Министерството за национална одбрана и во своето претходно објавено соопштение информира дека во северниот дел на Сирија се неутрализирани 11 терористи членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кои се обиделе да се префрлат и да извршат напад врз подрачјето на операцијата Извор на мирот.

 



Слични вести