Чавушоглу: Муслиманите Рохинга никако нема да бидат препуштени на нивната сопствена судбина

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека муслиманите Рохинга никако нема да бидат препуштени на нивната сопствена судбина

1709488
Чавушоглу: Муслиманите Рохинга никако нема да бидат препуштени на нивната сопствена судбина

Турција и Бангладеш во рамките на состаноците на 76. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк, во Соединетите Американски Држави (САД), одржаа онлајн состанок со учество на високо ниво посветен на состојбата на муслиманите од Аракан (муслиманите Рохинга).

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер по состанокот истакна дека муслиманите Рохинга никако нема да бидат препуштени на нивната сопствена судбина.

Чавушоглу напиша: „Треба да продолжи да се работи за доброволно, безбедно, достоинствено и одржливо враќање на муслиманите Рохинга. Никако нема да ги препуштиме муслиманите Рохинга на нивната сопствена судбина.“

Инаку, според Обединетите нации (ОН) има повеќе од 700 илјади бегалци муслимани Рохинга кои по 25 август 2017 година беа принудени да избегаат од Аракан во Мјанмар и да се засолнат во Бангладеш.

Меѓународните организации за човекови права со објавените сателитски снимки докажаа дека во Аракан се уништени стотици села. 

Потишаниот договор помеѓу Мјанмар и Бангладеш за враќање на муслиманите Рохинга од Аракан на нивните територии, поради тоа што оние кои се принудени на иселување не можат да ја документираат својата состојба во практика и не може да се применува.

Обединетите нации (ОН) и меѓународните организации за човекови права наилството врз муслиманите Рохинга од Аракан го оценуваат како „етничко чистење“ или „геноцид“.

Владата на Мјанмар која во сериозна мера го ограничува влезот на меѓународните медиуми и организации во провинцијата Аракан, не ги исполни и своите ветувања коишто ги даде досега во однос на враќањето на муслиманите Аракан.

Муслиманите Аракан (муслиманите Рохинга) кои се засолнаа во бангладеш и организациите за човекови права се загрижени дека враќањето на овие лица во Мјанмар без претходно да се воспостави неопходната безбедна средина за нив ќе водеде до ново етничко чистење.

 



Слични вести