Алтун: За време на посетата на претседателот Ердоган во Њујорк се постигнати дипломатски успеси

Шефот на одделот за комуникации Фахреттин Алтун истакна дека претседателот Ердоган со цел да им се помогне на бројни кризни региони на чело со Авганистан, Сирија и Либија во зградата на „Турскиот дом“ во Њујорк беше домаќин на бројни билатерални средби

1709524
Алтун: За време на посетата на претседателот Ердоган во Њујорк се постигнати дипломатски успеси

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја заврши посетата на Њујорк, во САД, кадешто отпатува за состаноците на 76. сесија на Генералното собрание на ОН и тргна на пат за Турција.

Изјава во врска со интензивните средби и разговори коишто ги оствари претседателот Ердоган во Њујорк пристигна од шефот на одделот за комуникации Фахреттин Алтун кој на својот профил преку социјалната медија на англиски јазик истакна дека претседателот Ердоган во име за да им се помогне на бројни кризни региони на чело со Авганистан, Сирија и Либија во зградата на „Турскиот дом“ (Туркеви) во Њујорк оствари и беше домаќин на бројни билатерални средби.

Велејќи „Претседателот Ердоган во секоја прилика го нагласува значењето на меѓународната соработка и солидарноста“, Алтун нагласи дека претседателот Ердоган презентира лидерство коешто служи за пример за меѓународната заедница во однос на глобални прашања како што се пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), миграцијата и климатските промени.

Како што рече Алтун, претседателот Ердоган во неговите разговори ја потцрта желбата на Турција за да помогне во точката на стекнувањето на Авганистан со стабилност.

Алтун го истакна следното: „Ердоган, рече дека Турција е спремна да помогне во точката на воспоставување на мирот во Авганистан.“

Шефот на одделот за комуникации Фахреттин Алтун воедно напомена дека за време на посетата на Њујорк се постигнати дипломатски успеси и го повика светот да го слушне повикот на претседателот Ердоган за да стапи во акција.

 



Слични вести