Претседателот Ердоган ја посети репликата на обелискот во Ѓобеклитепе во доворот на седиштето на ОН

Претседателот Ердоган по своето обраќање пред 76. седница на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) ја посети репликата на обелискот во Ѓобеклитепе којашто се изложува во дворот на Обединетите нации (ОН)

1709039
Претседателот Ердоган ја посети репликата на обелискот во Ѓобеклитепе во доворот на седиштето на ОН

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја посети репликата на обелискот во Ѓобеклитепе, 12.000 годишното наследство на Анадолија, која се изложува во комплексот на Генералното седиште на Обединетите нации (ОН) во Њујорк.

Во дворот на Обединетите нации (ОН) почна да се изложува репликата т.е. примерокот со намален размер од 1/2 на обелискот П18 во форма на латиничната буква „Т“, кој го претставува Ѓобеклитепе и кој во 2018 година е внесен во списокот на Светското наследство на Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите нации (УНЕСКО).

Во тие рамки, претседателот Ердоган по своето обраќање пред 76. седница на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) ја посети репликата на обелискот во Ѓобеклитепе којашто се изложува во дворот на Обединетите нации (ОН).

Оваа реплика на обелиск стана второ дело од периодот на античка Анадолија коешто се изложува во комплексот на ОН.

Обединетите нации (ОН) трајно ќе бидат домаќин на репликата на обелискот во Ѓобеклитепе.

Ѓобеклитепе се наоѓа во близина на градот Шанлиурфа и е познато како прво населено место во светот, изградено пред 12.000 години.



Слични вести