Претседателот Ердоган ги продолжува своите билатерални средби во Њујорк, во САД

Претседателот Ердоган ги продолжува своите билатерални средби и разговори во Њујорк во рамките на состаноците на 76. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН)

1709363
Претседателот Ердоган ги продолжува своите билатерални средби во Њујорк, во САД
Erdoğan Berhem Salih.jpg
Burundi Cumhurbaşkanı Evariste Ndayishimiye Erdoğan.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ги продолжува своите билатерални средби со лидерите на земјите кои престојуваат во Њујорк, во Соединетите Американски Држави (САД) по повод одржувањето на состаноците на 76. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).

Претседателот Ердоган го прими албанскиот премиер Еди Рама.

Приемот се одржа во зградата на „Турскиот дом“ (Туркеви), беше затворен за медиумите и траеше приближно еден час.

Потоа, претседателот Ердоган редум одделно се состана и со поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ, поранешниот претседател на Бугарија Петар Стојанов, поранешниот српски член на Претседателството на Босна и Херцеговина Младен Иваниќ и со претседателот на Бурунди Еваристе Ндајишимије. 

Претседателот Ердоган му ја подари на претседателот на Бурунди Еваристе Ндајишимије и неговата книга „Можен е поправеден свет“.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган разговараше и со уметникот за нови медиуми и дизајнер Рефик Анадол, а потоа во „Турскиот дом“ (Туркеви) го прими претседателот на ФИФА (Меѓународната федерација на фудбалските асоцијации) Џиани Инфантино.

Претседателот Ердоган исто така се состана и со ирачкиот претседател Бархам Салих.



Слични вести