Претседателот Ердоган ги повика САД да сносат одговорност по прашањето на авганистанските мигранти

Претседателот Ердоган во даденото интервју за американскиот телевизиски канал „CBS“ (Си-Би-Ес) истакна дека САД треба да направат повеќе по прашањето на авганистанските мигранти

1709329
Претседателот Ердоган ги повика САД да сносат одговорност по прашањето на авганистанските мигранти

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, во Њујорк во Соедфинетите Американски Држави (САД) кадешто престојува по повод состаноците на 76. сесија на Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) даде интервју за американскиот телевизиски канал „CBS“ (Си-Би-Ес).

Ердоган истакна дека САД треба да направат повеќе по прашањето на авганистанските мигранти и рече: „САД зошто 20 години беа таму, најпрвин треба да си го дадат одговорот на овие прашања на самите себе си.“

Во еден дел од споделеното интервју коешто во целост ќе биде објавено во недела, се потсетуваат неговите зборови во однос на тоа дека Турција нема да биде „складиште за мигранти“ и му се поставува прашањето дали одговорноста за авганистанските мигранти треба да ја преземат САД, на што претседателот Ердоган го вели следното: „ Моментално САД ионака не ги исполнија овие видови нивни одговорности. Во нашата земја моментално има повеќе од 300 илјади нерегистрирани авганистански мигранти. Нашата земја нема сила се уште да ги прима авганистанските мигранти.“ 

Велејќи дека Соединетите Американски Држави (САД) треба да направат повеќе по прашањето на авганистанските мигранти, претседателот Реџеп Тајјјип Ердоган во интервјуто за американскиот телевизиски канал „CBS“ (Си-Би-Ес) ја изнесе следната констатација: „САД зошто 20 години беа таму, најпрвин треба да си го дадат одговорот на овие прашања на самите себе си.“

 



Слични вести