Поздравен лет од турските и азербејџанските авиони над Истанбулскиот морски теснец „Босфорот“

Авионите на Турските воружени сили и Азербејџанските вооружени сили во рамките на Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија „ТЕКНОФЕСТ“ реализираа поздравен лет над Истанбулскиот морски теснец „Босфорот“

1709271
Поздравен лет од турските и азербејџанските авиони над Истанбулскиот морски теснец „Босфорот“
teknofest
teknofest
teknofest
teknofest
teknofest
teknofest

Министерството за национална одбрана (МНО) ги сподели снимките од поздравниот лет на авионите на Турските воружени сили и Азербејџанските вооружени сили на небото над Истанбул.

На Аеродромот Ататурк во Истанбул продолжува најголемата технолошка манифестација на Турција, Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија „ТЕКНОФЕСТ“ (TEKNOFEST İstanbul).

Во рамките на фестивалот авионите на Турските воружени сили и Азербејџанските вооружени сили остварија поздравен лет над Истанбулскиот морски теснец „Босфорот“.

Министерството за национална одбрана ги сподели снимките од овој поздравен лет.

На снимките се гледа како турските акробатски тимови СОЛОТУРК и Турските ѕвезди се придружени од страна на авиони МИГ-29 на Азербејџанските воздушни сили.



Слични вести