Книгата на претседателот Ердоган „Можен е поправеден свет“ претставена на лед-екраните во Њујорк

По повод промовирањето на книгата „Можен е поправеден свет“ напишана од страна на претседателот Ердоган, книгата е претставена и на лед-екраните на улиците и Плоштадот Тајмс во Њујорк, како и на камиони

1709007
Книгата на претседателот Ердоган „Можен е поправеден свет“ претставена на лед-екраните во Њујорк

Книгата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган „Можен е поправеден свет“ која беше промовирана во Њујорк е претставена и на билбордите и лед-екраните на Плоштадот Тајмс и по улиците во центарот на Њујорк.

По повод промовирањето на книгата „Можен е поправеден свет“ напишана од страна на претседателот Ердоган, книгата е претставена и на лед-екраните на улиците и Плоштадот Тајмс во Њујорк, како и на камиони.

Во рамките на промовирањето во организација на Одделот за комуникации при претседателството, книгата на претседателот Ердоган, заедно и со визуелни слики беше претставена на англиски јазик.

Книгата на претседателот Ердоган „Можен е поправеден свет“ во која им се одделува место на безизлезите на глобалната политика, а пред се неправдата, мигрантската криза, меѓународниот тероризам и непријателството кон исламот (исламофобијата), воедно им е подарена и на лидерите на земјите со кои претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се состана и ќе се состане на маргините на состаноците на 76. седница на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).



Слични вести