Чавушоглу во Њујорк се состана со американскиот државен секретар Блинкен

Пред средбата двајцата министри за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и Антони Блинкен дадоа куси изјави при што истакнаа дека Турција и САД ќе продолжат да работат одблизу по прашањето со Авганистан

1708911
Чавушоглу во Њујорк се состана со американскиот државен секретар Блинкен

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Њујорк, во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто престојува по повод состаноците на 76. седница на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) се состана со американскиот држжавен секретар Антони Блинкен.

Средбата помеѓу двајцата министри за надворешни работи, Чавушоглу и Блинкен, се одржа во еден хотел во Њујорк.

Пред средбата Чавушоглу и Блинкен дадоа куси изјави при што истакнаа дека Турција и САД ќе продолжат да работат одблизу по прашањето со Авганистан.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека со Блинкен остварија низа теелфонски разговори и го рече следното: „Многу благодарам за вашата извонредна соработка по прашањето на Авганистан и во бројни сфери. Секако ќе продолжиме да работиме заедно и ќе ја продолжиме нашата соработка по прашањето на Авганистан. Ќе ја продолжиме нашата соработка и во уште многу други сфери.“

Американскиот државен секретар Антони Блинкен пак, подвлече дека во последните 9 месеци имаат остварено бројни телефонски разговори со Чавушоглу и ја изнесе следната констатација: „Денеска иомаме да зборуваме за бројни работи, но ние многу сме и благодарни на Турција за нејзиното силно партнерство во Авганистан и таму ќе продолжиме да работиме заедно.“

Велејќи дека на состанокот ќе бидат разгледани и прашања посветени на Сирија и Кавказ, Блинкен ги окарактеризира Турција и САД како „силни партнери и НАТО сојузници“.

 



Слични вести