Вооружените сили на Турција и Азербејџан започнаа заедничка воена вежба во Нахчиван

Турските војници во воените единици во Нахчиван беа пречекани со голема воодушевеност

1708729
Вооружените сили на Турција и Азербејџан започнаа заедничка воена вежба во Нахчиван

 

Вооружените сили на Турција и Азербејџан започнаа заедничка воена вежба во Автономната Република Нахчиван.

Во соопштението објавено од Министерството за одбрана на Азербејџан, беше истакнато дека некои од војниците од Турција, кои ќе учествуваат во вежбата наречена „Непоколебливо братство 2021“, пристигнаа во Нахчиван.

По интепретирањето на националните химни на Турција и Азербејџан, беше извршена размена на знамињата. По церемонијата за размена на знамињата, конвојот војници и оклопни возила што ќе се користат во вежбата, тргнаа на пат кон воените единици во Нахчиван.

Турските војници во воените единици во Нахчиван беа пречекани со голема воодушевеност.



Слични вести