Претседателот Ердоган во Њујорк одржува билатерални средби

Ердоган посебно ги прими претседателот на 75-то Генерално собрание на ОН Волкан Бозкар и британскиот премиер Борис Џонсон

1708708
Претседателот Ердоган во Њујорк одржува билатерални средби
volkan bozkir-erdogan.jpg
boris johnson-erdogan.jpg
erdogan-new york times heyeti.jpg

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган одржува билатерални средби во Њујорк, Соединетите Американски Држави (САД), каде што отиде да присуствува на 76-то Генерално собрание на Обединетите нации.

Ердоган посебно ги прими претседателот на 75-то Генерално собрание на ОН Волкан Бозкар и британскиот премиер Борис Џонсон.

Двата вчерашни приеми беа затворени за печатот во новоотворената зграда на Турската куќа (Турк Еви) во Њујорк.

Претседателот Ердоган ја прими и делегацијата на Њујорк Тајмс во Турската куќа.

На приемот присуствуваа директорот на дирекцијата за комуникации Фахретин Алтун, портпаролот на претседателството Ибрахим Калин, претседателот и генерален директор на агенцијата Анадолија Сердар Карагоз.



Слични вести