Ердоган: Продолжувањето на национализмот во однос на вакцината претставува срам во име на човештвото

Претседателот Ердоган пред 76. седница на Генералното собрание на ОН рече: „Продолжувањето на национализмот во однос на вакцината во време кога десетици милиони луѓе се зафатени во канџите на вирусот претставува срам во име на човештвото“

1708844
Ердоган: Продолжувањето на национализмот во однос на вакцината претставува срам во име на човештвото
Cumhurbaşkanı Erdoğan BM 76. Genel Kurulu.jpeg
Cumhurbaşkanı Erdoğan BM 76. Genel Kurulu1.jpeg
Cumhurbaşkanı Erdoğan, BM 76. Genel Kurulu Hitap.jpeg
Cumhurbaşkanı Erdoğan, BM 76. Genel Kurulu3.jpeg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се обрати пред 76. седница на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) кадешто се осврна на низа различни прашања.

Велејќи дека светот во последните две години поминува низ болни периоди и дека поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) животите ги загубија 4,6 милиони луѓе, Ердоган рече: „Продолжувањето на национализмот во однос на вакцината во време кога десетици милиони луѓе се зафатени во канџите на вирусот претставува срам во име на човештвото.“

Тој нагласи дека Турција од една страна им ја достави најдобрата здравствена услуга на своите граѓани, а од друга страна им испрати медицинска помош на 159 земји и на 12 меѓународни организации.

Претседателот Ердоган рече: „Би сакал да кажам дека нашата домашна вакцина 'Турковак' наскоро заедно со нашиот народ ќе му ја ставиме во услуга, на располагање, на целото човештво.“

Во врска со прашањето со Авганистан, Ердоган го рече следното: „Посакуваме што поскоро да се воспостават мирот, стабилноста и безбедноста во оваа земја, авганистанскиот народ да се стекне со спокојство. Ние како Турција ќе продолжиме да ја исполнуваме нашата братска задача кон авганистанскиот народ, во овие тешки денови за него.“ 

Привлекувајќи внимание дека поминаа 10 години од човечката драма во Сирија која стана причина за смртта на стотици илјади лица пред очите на целиот свет и за иселување на милиони луѓе од нивните домови, претседателот Ердоган истакна дека Турција од една страна им ја отвори својата прегратка на приближно 4 милиони Сиријци, а од друга страна води борба на теренот против терористичките организации кои подрачјето го претворија во крв и солзи.  

„Меѓународната заедница не може да дозволи сириската криза да продолжи уште 10 години.“ - рече Тој и подвлече дека треба да се покаже посилна волја за изнаоѓање политичко решение за проблемот на начин со кој ќе бидат задоволени очекувањата на сирискиот народ и на основа на резолуцијата број 2254 на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН).

Велејќи „Едниот од најзначајните проблеми којшто ја разгорува нестабилноста и се заканува на мирот и безбедноста во нашиот регион е израелско-палестинскиот спор“, претседателот Ердоган рече: „Се додека продолжува зулумот, насилството, врз палестинскиот народ не е можно Блискиот исток да се стекне со траен мир и стабилност. Затоа сигурно и веднаш треба да се стави крај на политиките на окупација, анексија и изградба на незаконски населби. Ќе продолжиме да стоиме против прекршувањата на меѓународниот статус на Ерусалим (Кудс) кој се потпира на резолуцијата на Обединетите нации од 1947 година, на нападите врз Харем-и Шериф и на правата на палестинскиот народ. Без да се доцни повеќе треба повторно да се заживеат мировниот процес и визијата за решение со две држави.“

Ердоган нагласи дека праведното, трајното и одржливото решение во Кипарското прашање е можно само со реален пристап фокусиран на резултат и го рече следното: „Не е праведно тоа што додека лидерот на едниот од двата народи на островот кој се смета еднаков од страна на Обединетите нации може да ви се обраќа од овде, другиот лидер не може да го истакне својот глас на оваа платформа.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган нагласи дека треба да се откаже од сфаќањето за игнорирање на Турција во регионот на Источниот Медитеран, како земја која располага со најдолго крајбрежје.

Потсетувајќи дека во скоро време беа фрлени значајни чекори од аспект на стабилноста во Кавказ, Ердоган рече: „Азербејџан искористувајќи го своето легитимно право на самоодбрана стави крај на окупацијата на неговите сопствени територии коишто беа тема на резолуциите на Советот за безбедност и не можеа да се применуваат со години. Овој развој обезбеди можност за отворање и на нови прозорци на можности во име на трајниот мир во регионот.“ 

Тој рече: „Му придаваме значење на зачувувањето на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, вклучувајќи ја и анексијата на Крим која што не ја признаваме.“

Велејќи дека веруваат оти треба да се покажуваат поголеми напори по прашањето на одбраната на основните права на муслиманските Турци Ујгуру во перспективата на територијалниот интегритет на Кина, претседателот Ердоган појасни дека Турција ги продолжува нејзините ставови за решавање на проблемот во Кашмир којшто продолжува 74 години, по пат на дијалог меѓу страните и во рамките на резолуциите на Обединетите нации.“  

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обраќање пред 76. седница на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк го рече и следното: „Проценката којашто ја изнесуваме во секоја прилика 'Светот е поголем од пет', ја повторуваме и по прашањето на климатските промени.“

„Оние кои најмногу му наштетија на светот, оние кои брутално ги експлоатираа природните ризвори, тие треба да го дадат и најголемиот придонес во борбата против климатските промени.“ - порача претседателот Ердоган.

 



Слични вести