Билатерални средби на претседателот Ердоган на 76. седница на Генералното собрание на ОН во Њујорк

Претседателот Ердоган ги продолжува своите билетарелни средби и разговори на маргините на 76. седница на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк

1708825
Билатерални средби на претседателот Ердоган на 76. седница на Генералното собрание на ОН во Њујорк
erdogan milanovic.jpg
Borut Pahor-erdogan.jpg
duda-erdogan.jpg
garibasvili-erdogan.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Њујорк во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто отпатува по повод 76. седница на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), остварува и билатерални средби и разговори.

Во тие рамки, Ердоган се состана со претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ.

Средбата се одржа во новоизградената зграда на „Турскиот дом“ („Туркеви“), беше затворена за медиумите и траеше приближно 30 минути.

На средбата присуствуваа и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој, министерот за национална одбрана Хулуси Акар и министерот за трговија Мехмет Муш.

Претседателот Ердоган потоа се состана и со претседателот на Словенија Борут Пахор.

Ердоган на маргините на на маргините на 76. седница на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк се состана одделно и со претседателот на Украина Володимир Зеленски, претседателот на Финска Саули Ниинисто, премиерот на Грузија Иракли Гарибашвили, претседателот на Гвинеја-Бисао Умаро Сисоко Ембало и со претседателот на Полска Анджеј Дуда.

Сиве овие средби се одржаа во „Турскиот дом“ и беа затворени за медиумите.

Инаку, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Њујорк претходно ги прими оделно и претседателот на 75. седница на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) Волкан Бозкир и премиерот на Велика Британија Борис Џонсон.

И двата приеми се одржаа во зградата на „Турскиот дом“ („Туркеви“) којашто беше свечено отворена вчера и беа затворени за медиумите.

Претседателот Ердоган ја прими во „Турскиот дом“ и делегацијата на „Њујорк тајмс“.

На приемот присуствуваа и шефот на одделот за комуникации при претседателството Фахреттин Алтун и портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин, како и претседателот на Управниот одбор и генерален директор на новинската Агенција Анадолија „АА“ Сердар Караѓоз.

 



Слични вести