Турција објави приговор по повод НАВТЕКС-от на Грција

Грција ги продолжува своите провокативни обиди кон турскиот континентален гребен под името научна студија

1708158
Турција објави приговор по повод НАВТЕКС-от на Грција

 

Поради фактот што грчкиот НАВТЕКС (навигационен телекс до морнарите) за истражувачкиот брод што ќе работи на истокот на Крит го опфаќа турскиот континентален гребен, Турција објави НАВТЕКС приговор.

Извори на Министерството за национална одбрана наведоа дека Грција ги продолжува своите провокативни обиди кон турскиот континентален гребен под името научна студија и потенцираа: „Преземени се и се спроведуваат неопходните мерки против овој последен провокативен обид на Грција“.

Во грчкиот печат имаше обвинувања дека „турските воени бродови го спречија истражувањето на истражувачкиот брод „NauticalGeo“ за да ја мапира можната траса на гасоводот EastMed  „ИстМед“ источно од Крит“.

Извори на Министерството за национална одбрана, наводите во грчките медиуми ги оценија како неосновани.

Наведувајќи дека НАВТЕКС-от на Грција за „истражувачкиот брод NauticalGeo“ кој ќе спроведе научни студии на исток од Крит од 16-22 септември 2021 година, беше објавен на 16 септември, изворите истакнуваат: „Кога ќе се испита полето, ќе се утврди дека некои од (активностите) се протегаат на турскиот континентален гребен. Против оваа незаконска, провокативна и експанзионистичка иницијатива на Грција, која објави дека ќе спроведе научно истражување на турскиот континентален гребен без претходна координација со Турција, во согласност со меѓународното право, беше наведено дека дел од најавената работа се наоѓа во турскиот континентален гребен и дека треба да се координира со турските власти. По тој повод ние го објавивме нашиот НАВТЕКС приговор“.

Извори посочуваат дека меѓународното право го дефинира континенталниот гребен како природно право што земјата го има од своето постоење и затоа не треба ниту да се декларира посебно, од друга страна, како дел од пристапот на Турција кон меѓународното право, турскиот континентален гребен беше финализиран на 18 март 2020 година и беше пријавен во Обединетите нации.



Слични вести