Турската фудбалска репрезентација со ампутирани екстремитети по вторпат ја освои шампиони на Европа

Омер Ѓулерјуз, кој постигна 11 голови, стана најдобар стрелец и беше избран за најдобар фудбалер

1707918
Турската фудбалска репрезентација со ампутирани екстремитети по вторпат ја освои шампиони на Европа

Турската фудбалска репрезентација со ампутирани екстремитети, победувајќи ја Шпанија со 6: 0 во финалето на Европското првенство, по вторпат ја освои шампионската титула.

Нашите спортисти одлично го започнаа натпреварот во Краков, Полска.

Турција поведе со 1-0 со Омер Ѓулерјуз во 6-та минута.

Омер, во 10-та минута, водството го зголеми на 2 гола.

Во 21-та минута, со голот на Кемал Ѓулеш, турските репрезентативци разликата ја зголемија на 3-0, додека со голот на Рахми Озџан, Турција полувремето го заврши со 4-0.

Репрезентативците второто полувреме го започнаа со гол и разликата ја зголемија на 5 со „хет-трикот“ на Омер Ѓулерјуз во 26-та минута.

Голот на Кемал Ѓулеш во 42-та минута го одреди резултатот на натпреварот и Турција ја победи Шпанија со 6-0 и своето име го забележа на врвот.

Репрезентативците кои трофејот на Европското првенство 2017 година што се одржа во Истанбул го освоија првпат, оваа среќа ја доживеаја вторпат по ред.

Омер Ѓулерјуз, кој постигна 11 голови, стана најдобар стрелец и беше избран за најдобар фудбалер.



Слични вести