Ердоган: „Исламофобијата се претвори во деструктивен тренд што го загрозува мирот“

Во многу земји, маргинализацијата на муслиманите поради нивната вера, јазик, име или облека станаa вообичаенı случаи

1707950
Ердоган: „Исламофобијата се претвори во деструктивен тренд што го загрозува мирот“
erdogan abd tasc.jpg
erdogan abd tasc1.jpg
erdogan abd musluman toplumu.jpg

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека исламофобијата се претвори во деструктивен тренд што го загрозува мирот.

Претседателот Ердоган, кој по повод 76-то Генерално собрание на Обединетите нации (ОН) замина за Њујорк, Соединетите Американски Држави (САД), зборуваше на конференцијата под наслов „Можен е поправеден свет“ организирана од Турско-американскиот комитет за ориентација (TASC).

Изјавувајќи дека како човештво, освен со новиот тип на коронавирус (Ковид-19), се борат и со еден друг вирус кој е посмртоносен и поподмолен, Ердоган рече: „Овој вирус се вика вирус на исламофобија. Овој вирус се шири многу брзо во земји кои со години се пример како лулка на демократијата и слободите. Антиисламизмот и ксенофобијата денес ја заробија политиката. Таа се претвори во деструктивен тренд што го комплицира секојдневниот живот на муслиманите, ги обликува државните политики и го загрозува социјалниот мир“.

Изразувајќи дека на овој идеолошки фанатизам, кој по менталитет не се разликува од ДАЕШ, се вкоренува во различни слоеви на општеството, Ердоган рече дека во многу земји, маргинализацијата на муслиманите поради нивната вера, јазик, име или облека станаa вообичаенı случаи.

Изјавувајќи дека имал можност да ја согледа борбата против исламофобијата што ја водат преку невладините организации и индивидуално, претседателот Ердоган изрази задоволство и во тој контекст рече: „Со ова огромно искуство што го имате, многу е важно да придонесете повеќе во борбата против злосторствата од омраза и културниот расизам. Ние како Турција ќе преземеме водечка улога во борбата против непријателството и нетолеранцијата на меѓународната платформа“.

Нагласувајќи дека придонесите на турската заедница во американското општество има исклучително позитивни рефлексии за турско-американските односи, Ердоган рече дека особено ги следи напорите на невладините организации формирани од турски граѓани и сонародници кои живеат во Соединетите Американски Држави и вложуваат напори за промовирање на Турција, нејзината култура и историја на Американците.

Претседателот Ердоган, исто така, прими истакнати претставници на муслиманската заедница во САД.

Приемот беше затворен за медиумите.



Слични вести