Во руралното подрачје на Первари кај Сиирт се неутрализирани 5 терористи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во руралното подрачје на планината Херекол близу населеното место Первари кај градот Сиирт, се неутрализирани 5 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК

1707734
Во руралното подрачје на Первари кај Сиирт се неутрализирани 5 терористи

Во руралното подрачје на планината Херекол близу населеното место Первари кај градот Сиирт, во југоисточниот дел на земјата, се неутрализирани 5 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за внатрешни работи се истакнува следното: „Во рамките на реализираните заеднички активности од страна на Дирекцијата на градската полиција на Сиирт, Одделот за воздухопловство, Градската команда на жандармеријата и Командата на воздушните сили под координација на Одделот за разузнавање на полицијата; е реализирана воздушна операција поддржана од наоружано беспилотно летало (СИХА) против 5 члена терористичка група на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК утврдена во руралното подрачје на планината Херекол во близина на населеното место Первари кај градот Сиирт. Притоа се неутрализирани сите 5 припадници на терористичката организација.“



Слични вести