Претседателот Ердоган денеска ќе замине за Њујорк за 76-тата сесија на Генералното собрание на ОН

Претседателот Ердоган ќе престојува во посета на САД од 19 до 22 септември во чии рамки ќе учествува на состаноците на 76-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) што ќе се одржат во седиштето на организацијата во Њујорк

1707628
Претседателот Ердоган денеска ќе замине за Њујорк за 76-тата сесија на Генералното собрание на ОН

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска ќе отпатува за Соединетите Американски Држави (САД) кадешто ќе учествува на состаноците на 76-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).

Претседателот Ердоган ќе престојува во посета на САД од 19 до 22 септември во чии рамки ќе учествува на состаноците на 76-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) што ќе се одржат во седиштето на организацијата во Њујорк.

Ердоган, на 20 септември, во понеделник (утре) свечено ќе ја отвори новоизградената зграда на „Турскиот дом“ во Менхетен, во Њујорк.

Претседателот Ердоган своето обраќање ќе го одржи наредниот ден на 21 септември, во вторник, на првиот ден на 76-тата сесија на Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) што ќе се одржи на тема „Пребродувањето на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), повторната изградбата на одржливоста, давањето одговор на потребите на планетата, почитувањето кон човековите права и воспоставувањето на издржливоста по пат на надеж за повторно заживување на Обединетите нации (ОН)“.

Како што се истакнува, претседателот Ердоган по повод посетата на маргините на состаноците освен со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес ќе оствари билатерални средби и разговори со шефовите на држави и премиерите на влади на голем број земји, а воедно во рамките на конференцијата под наслов „Можен е поправеден свет“ што ќе се одржи од страна на Турско-американскиот комитет за национално усмерување (TASC) ќе се остане и со петставниците на Турците, сонародниците и муслиманската заедница во САД.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се предвидува да даде и интервјуа за информативните органи во САД и да учествува на традиционалната Гала вечера на 11. Конференција за инвестирање во Турција што ќе се одржи со учество на претставници на деловниот свет на САД и во организација на Турско-американскиот деловен совет (TAİK).

 

 



Слични вести