Мевлут Чавушоглу во Њујорк се состана со генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Њујорк се состана со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес со кого разговараа за прашања посветени на Кипар, Авганистан, Либија, Сирија и климатските промени

1707476
Мевлут Чавушоглу во Њујорк се состана со генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој отпатува во Њујорк, во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто ќе учествува на средбите на високо ниво на 76. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) што ќе започнат на 21 септември, во вторник, се состана со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес.

Чавушоглу на остварената средба со Гутерес разговараше за прашања посветени на Кипар, Авганистан, Либија, Сирија и климатските промени.

По средбата, Мевлут Чавушоглу на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес разговаравме за глобалните предизвици на дневниот ред на нашиот свет. Ги споделивме нашите размислувања по прашањата на Кипар, Авганистан, Либија, Сирија и климатските промени.“

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу, воедно се состана и со претседателот на 76. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации Абдула Шахид кој стапи на должност и му честита за изборот на оваа должност.

Освен тоа, Чавушоглу во Њујорк се состана и со претседателот на Шри Ланка Гамини Лакшман Пеирис и во врска со оваа средба на својот профил на Твитер напиша: „И покрај географската оддалеченост располагаме со целосна волја за развивање на нашите односи.“



Слични вести