Ердоган: „Турција го достигна критичниот праг во светскиот извоз“

Минатата година имавме многу добри перформанси во извозот.

1707669
Ердоган: „Турција го достигна критичниот праг во светскиот извоз“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција го достигна критичниот праг со достигнување на удел од 1 отсто во светскиот извоз.

Претседателот Ердоган говореше на 28-то редовно Генерално собрание на Собранието на турските извозници и церемонијата на доделување на наградата за шампиони во извоз во Истанбул.

Нагласувајќи дека Турција достигна критично ниво со постигнување 1 отсто во светскиот извоз, Ердоган во својот говор рече: „Најважниот адут на Турција, која продолжува по својот пат со зголемување на инвестициите и производството за да стане еден од 10-те најголеми економиите во светот, е нејзината извозна моќ. Наша цел е да го зголемиме бројот на нашите извозници на 150 илјади, а потоа и на 300 илјади“.

„Минатата година имавме многу добри перформанси во извозот. Ние сме на многу подобро ниво оваа година. Ги достигнавме највисоките бројки за извоз во историјата на Република и тоа на месечна, 6месечна и 12 месечна основа. Нашиот 12 месечен извоз за првпат го надмина прагот од 200 милијарди долари и собори рекорд со 210 милијарди долари. Во август, со 19 милијарди долари извоз, постигнавме рекорд на сите времиња, што претставува зголемување од 52 отсто во споредба со истиот период минатата година. Се надеваме дека и во септември ќе достигнеме 20 милијарди долари“.

Ердоган изјави дека Турција, која забележа рекорден раст од 21,7 проценти во вториот квартал, има мал број примери од аспект на  споредбата со брзото зголемување на извозот.

Давајќи ја добрата вест дека формираат фонд за развој на извоз кој ќе обезбеди финансирање во согласност со интензитетот на зголемувањето на извозот, Ердоган рече: „Благодарение на овој фонд, кој ќе се создаде со придонесите на Турското собрание на извозници, ќе се укине проблемот на гаранциите за пристапот на нашите извозници до финансии“.



Слични вести